Дали некогаш сте нарачале храна во парк, со WOLT можете - Majestic и Steffonator направија слепа дегустација на храна

Инфлуенсерите Александра Трпеска ака majestic.at и Стефан Рашковиќ ака Steffonator уживаа во предизвикот „Погоди што јадеш без да гледаш“. Локацијата е Градскиот парк во Скопје, а појадокот го донесе курир-партнер на Wolt.

 

„Зошто да се мачиме дома да правиме појадок, кога можеме да седнеме во парк и да си нарачаме од Wolt. Мојата храна ја нарача Александра и немам претстава што нарачала. Ќе пробувам со превез на очи. И јас за неа исто – нарачав појадок што ќе го пробува со превез на очи“, објаснува на почетокот на видеото Стефан.

 

Александра, која е „секогаш екстра“, нарача и екстра кеса со храна и пијалаци за Стефан. Во играта „хартија-камен-ножици“ Александра победи, па Стефан прв „замижа“ и погодуваше што избрала за него.

 

Благо, солено или луто – храната им донесе многу забава и смеа. 

 

„Баш е јако да пробуваш вкусови со превез на очи. Благодарам, Wolt! Можеби ќе ве инспирираме и вие да излезете и да си нарачате храна за пикник“, вели Александра.

 

Погледнете на крајот од видеото кој збор таа го кажува како предизвик од Стефан следбениците да коментираат. 

Контакт детали

Примете ексклузивни вести

Дали сте новинар или работите за некоја публикација?
Претплатете се и побарајте пристап до ексклузивни вести.

Барај пристап

Примете ги вестите од Wolt на вашиот RSS читач.

Или претплатете се преку Atom URL рачно